Со натпреварите од 19. коло претстојниот викенд почнува вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а по двомесечна пауза проодолжува и сезоната во второлигашката конкуренција.
Пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе биде отворен в сабота со дуелот меѓу Гостивар и Вардар со почеток во 14 часот.
Претстојниот викенд започнува пролетниот дел во Првата и Втората лига. Гостивар – Вардар е саботниот натпревар кој го отвора 19. коло од нашата најдобра фудбалска конкуренција. Останатите пет натпревари се закажани в недела со почеток во 14:00 часот.
Актуелниот првак, Струга Трим Љум гостува во Скопје против Работнички. Во Штип, Брегалница го пречекува Тиквеш, а Силекс во Кратово е домаќин на струмичка Брера. Во Скопје се предвидени уште два меча, во Ѓорче Петров, Македонија ќе се соочи со Шкендија, а на Чаир, Шкупи го пречекува составот на Воска Спорт.