Денес во Филхармонија ќе се одржи концерт  на Скопски Брас Квинтет насловен “Брас Фантазија за Тоше.”  Оваа програма ќе ги вклучи најпознатите песни од дискографијата на Тоше Проески, преработени за лимени дувачки инструменти. Самата идеја потекнува од минатите концерти на квинтетот со програма од различни популарни композиции како Квин, Мајкл Џексон, Биџис…………….. Овие композиции ќе бидат изведени преку Трајко Велков и Зоран Костадиновски.  Предвидено е овие аранжмани да бидат подарени на музички образовни институции со цел истите да влезат во редовната програма која идните инструменталисти ќе ја изведуваат во текот на своето школување.