Селин Дион и нејзината борба со тешката болест наскоро во документарен филм. Документарецот наречен I Am: Celine Dion. Документарниот филм содржи материјал кој се снимал година и пол. Покрај нејзината кариера, ја прикажува и битката на Дион со синдромот на вкочанета личност. Сфатив колку ми недостига да ги видам моите обожаватели. Решив дека сакам да го документирам овој дел од мојот живот за да им помогнам на другите со оваа дијагноза. Селин Дион на крајот на 2022 година откри дека боледува од синдром на вкочанета личност. Таа ја открила веста со емотивно видео објавено на нејзиниот официјален Инстаграм, а состојбата ѝ се влоши последните месеци, па повеќе не излегува во јавност.