Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати. И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралсво каде што често го нарекуваат „разгалено дете“ кое ги користи придобивките од кралското потекло. Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари.