Со натпреварите од 19. коло претстојниот викенд почнува вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а по двомесечна пауза проодолжува и сезоната во второлигашката конкуренција.

Пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе биде отворен в сабота со дуелот меѓу Гостивар и Вардар со почеток во 14 часот.

Претстојниот викенд започнува пролетниот дел во Првата и Втората лига. Гостивар – Вардар е саботниот натпревар кој го отвора 19. коло од нашата најдобра фудбалска конкуренција. Останатите пет натпревари се закажани в недела со почеток во 14:00 часот. 

Актуелниот првак, Струга Трим Љум гостува во Скопје против Работнички. Во Штип, Брегалница го пречекува Тиквеш, а Силекс во Кратово е домаќин на струмичка Брера. Во Скопје се предвидени уште два меча, во Ѓорче Петров, Македонија ќе се соочи со Шкендија, а на Чаир, Шкупи го пречекува составот на Воска Спорт. 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *