Утрото студено, а по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува.  Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2 степени, а максималната ќе достигне и до 14 степени.

Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.