Во Македонија утрово ќе биде свежо додека во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени, додека максималната ќе достигне 33 степени.
До четврток ќе се задржи стабилно време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.