Театар Штип утре 17 декември за најмладите ќе ја одржи театарската претстава за деца со наслов Магична симфонија.
Според најавата “Магична симфонија” не е само театарска претстава, туку и вистинско музичко патување благодарение на композиторот Илија Ќосевски.
Авторката Весна Куслеска ја креираше оваа приказна која со својата магична атмосфера и симфонични звуци ќе ги привлече сите деца и родители. Во режија на Никола Ристов, претставата носи една посебна уметничка визија која комбинира театар, музика и визуелни елементи.
Во претставата настапуваат талентирани актери:
- Миле Вратеовски
- Анѓелка Нашкова
- Мирко Голомеов
- Стефанија Митовска
- Милорад Ангелов
- Гласот на цвеќето: Елена Шорова Дербов