Театар Штип утре 17 декември за најмладите ќе ја одржи театарската претстава за деца со наслов Магична симфонија.

Според најавата “Магична симфонија” не е само театарска претстава, туку и вистинско музичко патување благодарение на композиторот Илија Ќосевски.

Авторката Весна Куслеска ја креираше оваа приказна која со својата магична атмосфера и симфонични звуци ќе ги привлече сите деца и родители. Во режија на Никола Ристов, претставата носи една посебна уметничка визија која комбинира театар, музика и визуелни елементи.

Во претставата настапуваат талентирани актери:

  • Миле Вратеовски
  • Анѓелка Нашкова
  • Мирко Голомеов
  • Стефанија Митовска
  • Милорад Ангелов
  • Гласот на цвеќето: Елена Шорова Дербов

 

16/12/2024

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *