Денес 24 март светски ден на туберкулозата претставува можност за да се подигне свеста за товарот од туберкулозата статусот на напорите за превенција и заштита од туберкулоза. Цели на Глобална стратегија за превенција од туберкулоза, грижа и контрола по 2015 до 2025 година, потребно е годишниот пад на глобалната стапка на инциденца од туберкулоза да се зголеми, од 2% на годишно ниво во 2015 до 10% годишно до 2025 година. Потребно е процентот на луѓе кои умираат од оваа болест да се намали, од предвидените 15% во 2015 година на 6,5% до 2025 година. Македонија се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца од земјите во европскиот регион. Туберкулозата е болест која може да се лекува и да се излечи со целосна контрола од страна на лекар, редовно земање на лековите и почитување на советите.