Британскиот пејач Роби Вилијамс, по десет години повторно се враќа во Хрватска, каде ќе одржи два концерти во Пула Арената. Концертите ќе се одржат на 27 и 28 јуни следната година. Вилијамс последен пат одржа концерт во Хрватска пред десет години на стадионот Максимир. Овој пат се враќа преку турнејата ХХV во која ќе биде претставена неговата 25 годишна кариера, како еден на најголемите збавувачи на денешницата. Британската поп икона за настапот во Хрватска го одбра стариот амфитеатар каде бројот на места ќе биде ограничен. Вилијамс ќе потсети на хитовите од целата кариера. За потсетување, од 1995 година, кога почна соло кариера, Вилијамс има продадено повеќе од 85 милиони албуми низ светот, со што стана еден од најпродаваните изведувачи на сите времиња. 13 од неговите албуми се најдоа на првото место на британските топ листи

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *