Една нова стратегија се фокусира на улогата на физичката активност како водечки фактор за здравје и благосостојба во Европскиот регион каде како приоритет се издвојува промоцијата на физичката активност кај возрасното население. Како дел од нивниот секојдневен живот и на работното место. Како една од посериозни иницијативи за примена на активна промоција на физичката активност кај работоспособното население. Така што годинава ќе биде покрената иницијатива за унапредување на физичката активност на работното место во соработка со претставници од Министерството за здравство, Факултетот за физичко образование спорт и здравје. Инаку, институтот за медицина на трудот ќе овозможи преглед на моменталната состојба во земјите од ЕУ и кај нас, со што се постави одлична основа за идентификација на потенцијалните проблеми и недостатоци, но и конкретни насоки за идни активности и чекори за делување.