Запуштен, во депонија, во обрасната трева и речиси пред распаѓање.

Ова е најстариот верски објект во Штип кај народот познат и како црква „Свети Илија“ и како  Хусамедин Пашина Џамија.

AngelsFM денеска беше на лице место за да ја согледа состојбата на Историскиот објект кој датира од 6-ти век п.н.е

Најверојатно да беше во друга Европска држава ќе беше туристичка атракција

Се наоѓа на левата страна од градот, над Текстилното училиште со прекрасна панорама. Се смета дека Хусамединовата џамија во втората половина на 16. век била изградена врз темелите на црквата „Св. Илија“ која датира од 8. век. Св. Илија е археолошко наоѓалиште во градот Штип  и претставува црква од среден век.

За првпат во 2018 беше конзервиран од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Штип  но според директорот не е ништо пронајдено.

„Завод за заштита на спомениците културата и музеј Штип има изготвено проект а ние како нацинална установа успеавме да најдеме заеднички јазик со МПЦ и ИВЗ кој ќе биде во функција на граѓаните и градот. Пред две години изготивме проект за целосна конзервација и реставрација во внатрешноста и надворешноста со надеж дека ќе биде претворен во Галерија не во верски објект и ќе биде во сопственост на Музеј Штип кој ќе чини нешто над 600.000 илјади евра. Ние како институција конкурирме во повеќе фондови но досега немам повратно од никој нејзино финансирање. Во пректот е замислено дека може да се направи етнолошки музеј и параклис на Свети Илија но сепак останува како идеја Серизноста е голема и може да дојде до рушење на куполата. Потребна е брза интервеција на ова култно место  кој е во критична состојба. Потребни се финасиски средства“ истакна за Ангелс ФМ Мите Штерјов- директор на Завод за заштита на споменици културно наследство и  Музеј-Штип 

Инаку за своите верски обреди, со векови овој објект го користеле и муслиманите и христијаните. Долги години има натегања чиј е објектот, дали е муслимански или христијански, па како резултат на тоа повеќе од половина век објектот е со затворени врати. Од тие причини, верниците своите верски ритуали обично ги прават во дворот и околу основните столбови на објектот. Вратите се затворени и во последните пет години од конзервацијата до денес.

 

Уште во 1662 година турскиот патеписец Евлија Челебија ја споменува џамијата на Хусамедин паша која била изградена во центарот на Штип, од каде има убава панорама на градот.

За жал додека се чекаат парите за обнова и адаптација  историскиот објект е затворен и во многу лоша состојба.

 

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *