12 годишнината од отварањето на најемотивниот музеј посветен на современата музичка легенда Тоше Проески
Денес во Крушево се случува настан во врска со одбележувањето нa 12 годишнината од отварањето на најемотивниот музеј посветен на современата музичка легенда и наш ангел Тоше Проески. Во 12 часот Оркестарот на народни инструменти при Сергеј Михајлов- Штип професорите Сашко Петрев о Љушче Ѓорѓиев ќе изведат 10 композиции од нашиот Тоше заедно со 6 ученика. А настанот ќе го затворат членовите на детската градинка Гонча Туфа од Крушево со македонско оро – македонско девојче. За потсетување Спомен куќата Тоше Проески e отворена на 25 април 2011 година. Претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески и низ своите содржини обезбедува хронолошки приказ на неговото детство, на тинејџерските години и на периодот кога Тоше го достигна врвот на својата музичка, уметничка кариера добитник и на големата годишна награда за архитектура за 2011година од асоцијацијата на архитекти на Македонија.