Штипјани ја продолжуваат традиција, на денот на пролетта 22 март, масовно да се искачуваат на Исарот.
Станува збор за верски празник „Свети 40 маченици“ кој во Штип има неверојатно уникатен начин на прославување. Штипјани на овој ден се искачуваат на тврдината Исар и на тој начин го прославуваат празникот.
Според традицијата, Младите од тврдината треба да собираат 40 камчиња, 39 ги фрлаат во Брегалница, а едно оставаат под перница зашто, според верувањето, ќе го сонат животниот сопатник.
Овој македонски обичај, кај штипјани попознат како четр’се е првиот кој се најде на листата на УНЕСКО за светско културно нематеријално наследство и тоа токму поради фактот што претставува жива традиција која се пренесува од колено на колено.