Форбс го објави најновото рангирање на најбогатите фудбалски клубови во светот за 2024 година, а Реал Мадрид го задржа првото место третпат по ред, со проценета вредност од 6,6 милијарди долари. Клубот од Мадрид продолжува да доминира на глобалната сцена, благодарение на силниот бренд и стабилната финансиска состојба.
Манчестер Јунајтед, со вредност од 6,5 милијарди долари, се приближи до Реал, што делумно се објаснува со влегувањето на британскиот милијардер Џим Ретклиф во сопственичката структура на клубот. Ретклиф до крајот на годината ќе стекне 28,9% од акциите на клубот, откако семејството Глејзер го намали својот удел, што значително ја зголеми вредноста на тимот од Олд Трафорд.
На трето место се наоѓа Барселона со вредност од 5,6 милијарди долари, додека на четвртото и петтото место се Ливерпул (5,4 милијарди) и Манчестер Сити (5,1 милијарди). Баерн Минхен е шестопласиран со 5 милијарди долари, а следуваат Пари Сен Жермен со 4,4 милијарди долари.
Листата ја затвораат Тотенхем со 3,2 милијарди, Челзи со 3,1 милијарди и Арсенал со 2,6 милијарди долари. Ова рангирање потврдува дека европските фудбалски клубови и натаму се на врвот кога станува збор за глобалната спортска индустрија, а Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се два најмоќни светски брендови.