Големи изненадувања се случија во Првата кошаркарска лига на две кола пред крајот на Топ 8 фазата. Во драматични натпревари порази претрпеа екипите на Борец и Бутел, што дополнително ја искомплицира трката за првото место.

Борец беше поразен од Охрид со минимални 77-76 во неизвесен натпревар решен во самиот финиш. Во второто изненадување, Вардар славеше против Бутел со 93-90, нанесувајќи им важен удар во битката за врвот.

По овие резултати, ситуацијата на табелата се менува. Најголеми шанси за првата позиција сега имаат Соколи и Струмица. Соколи веќе в сабота ќе имаат важен предизвик против Водно Санс во Штип, а по една недела ги очекува уште едно клучно соочување против Вардар.

До ова коло Бутел и Борец имаа ист број бодови како Соколи, но по поразите тие сега ќе имаат по еден неуспех повеќе, што може да биде пресудно во финишот на сезоната. Трката за врвот останува отворена и се очекува неизвесна завршница во последните две кола.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *