Времето денес и утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Денес ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд и од снег во пониските места и слаби врнежи од снег на повисоките места и на планините.

Во Скопје  и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Температурите утрово на повеќе места се спуштија неколку степени под нулата. Преку ден ќе бидат во интервал од 3 до 11 степени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *