Легендарниот рок бенд „Аеросмит“ заминува во пензија со прошталната турнеја „Peace Out“.
Новата турнеја ќе ја продуцира „Live Nation“, а ќе започне во Филаделфија на 2 септември. Истата ќе се одржи ширум САД и Канада, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Њујорк, Остин, Сиетл, Чикаго и Торонто, а завршува во Монтреал на 26 јануари.
„Аеросмит“ е основан во Бостон во 1970 година и продаде 150 милиони плочи ширум светот. Бендот кој освои четири награди Греми е познат по својот хедонистички, див начин на живот.