Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес го одбележуваат Божиќ, најрадосниот празник и денот кога се слави раѓањето на Исус Христос.Божиќ е празник на љубовта, но и на собирањето на семејствата, пријателите и соседите, кои заедно го одбележуваат овој значаен и радосен ден.
Инаку, Божиќ денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.
Преостанатиот православен свет Божиќ ќе го одбележат на 7 јануари.
