Во Национален парк Шар Планина се регистрирани уште две единки на балкански рис, со што вкупниот број на оваа ретка и загрозена мачка на ова подрачје достигна пет, информираа од паркот.
Како што соопштија од паркот, новите единки биле забележани преку камери поставени за следење на дивиот свет, кои го документирале нивното движење на планината.
Балканскиот рис се смета за еден од најзагрозените подвидови на рис во Европа, а неговото присуство на Шар Планина се оценува како важен показател за закрепнување на природните екосистеми.
Од управата на паркот посочуваат дека ваквите резултати се значаен успех за заштитата на дивиот свет и потврда дека напорите за зачувување на природата на Шар Планина даваат резултати.
https://www.facebook.com/watch/?v=1507627504029753

