Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев добива документарен филм посветен на неговата кариера, филмот премиерата ја има денеска 24-ти април во Скопје.Документарниот филм го носи името „Патот на Кобра до ѕвездите“ и во него се зборува за фудбалскиот пат на Панчев кој прерасна во еден од најдобрите голгетери во поранешна Југославија, а со Звезда стигна до европската и светската титула. На филмот работеа и го снимиа телевизијата Спортклуб, Спорт Нетворк и Продукција од Србија.