Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините