Во трагедијата што се случи во петокот на железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица, кога ненадејно се урна настрешницата пред влезот.

Тринаесет жртви се од Србија, од кои четири деца, а меѓу загинатите е и Васко Саздовски (45), научник од Македонија кој работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделство. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.

– Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработил во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имал научна кариера.

Колегите на Саздовски утрото по трагедијата се собраа во Институтот Биосенс. Според нив, Васко работел тука нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца.

Изгубивме голем човек, исклучителен колега и соработник, одличен експерт, еден од луѓето кои го направија светот подобро место. Институтот BioSens сочувствува со болката на најблиските на сите жртви во трагедијата во Нови Сад. Почивајте во мир, напишале од компанијата во која работел.

На пат кон дома тргна и трагичниот петок, 1 ноември.

Тие на социјалните мрежи се простија и од својот колега од Институтот.

Но зошто ваков генијален ум несакал да работи во Македонија па постојано бил приморан да патува открива негов сограганин

Вчера вечерта се чини дека причината зошто Македонија го загуби Васко, на својот Фејсбук профил ја објасни негов сограѓанин.

-Е жална Македонијо. Зарем не можеше како квачка под своите крила да ги заштитиш и белите и црните пилиња. Сите се твои. Научници од таков ранг, а патуваат со воз, со градски, и не се срамат. А некои со високи позиции, министри, раководители и што ли не знам и самите не знаат од каде им е дипломата, а имаат лични шофери. Сакам, а не можам да премолчам, од почит кон Васе. Го сретнав и го прашав како е како професор на Електро факултет во Штип.. Ми рече: „Чичо Мите си дадов отказ. Не можам. Ме тераат на некого да му пишам десетка, а тој не знае за шестка. Ова лудило ќе помине и тој инженер ќе направи некој пропуст и тогаш некој паметен ќе праша кој професор го пуштил на испит. Ќе види, Васко. Не, не можам, подобро ќе мизеруавм“, напиша Митко Јованов

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *