Сите статистички податоци покажуваат дека жените живеат подолго од мажите, но исто така е познато дека стареат побрзо од посилниот пол. И сега научниците открија зошто е тоа така.

Првата причина е бременоста и менопаузата низ кои поминуваат жените, но други причини, кои ги покажале истражувањата, се прилично неочекувани. Докажано е дека напнатоста и нервозата влијаат на бројни процеси во телото, вклучувајќи ја и состојбата на кожата. Жените први добиваат брчки бидејќи производството на естроген опаѓа побрзо од производството на машки хормони. Сепак, брчките кај жените не се толку длабоки и остри како кај мажите. Дерматолозите тврдат дека мажите стареат побавно затоа што имаат дури 25 проценти подебела кожа од жените, а познато е дека брчките за таквите луѓе се јавуваат потешко отколку за оние со тенка кожа.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *