Кога имате симптоми на депресија поради стрес што ви се случил во животот, тоа се вика „ситуациска депресија“. Повеќето луѓе закрепнуваат од ситуациска депресија, иако и за тоа може да бидат потребни денови, а понекогаш и недели. Најчести симптоми се:

Тага: Кога чувството на тага е симптом на депресија, тогаш е проследено со безнадежност и празнотија. Може да ви се чини дека колку и да се трудите, едноставно не може да ги контролирате негативните мисли.

Чувство на вина: Луѓето со клиничка депресија може да се чувствуваат безвредно и беспомошно.

Физички симптоми: Луѓето со депресија честопати имаат болки и непријатности.

Намалена енергија: Ако сте депресивни, можно е постојано да чувствувате умор. Луѓето кои патат од депресија може да се чувствуваат дека им се намалени физичките способности.

Промена во спиењето: Будење многу рано наутро или тешкотии при заспивање, како и претерано спиење може да бидат знаци на депресија.

Депресијата не е знак на слабост или причина за срам – тоа е сериозна болест. Добрата вест е што дури и во тешки случаи на клиничка депресија, терапијата се покажала како успешна.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *