Играчот од средниот ред на шпанската репрезентација и Манчестер Сити, 28-годишнниот Родриго Ернандез Каскант, попознат како Родри, е 46-тиот играч кој ја освоил наградата „Златна топка“ која фанцускиот спортски магазин France Football ја доделува од 1956 година.

Во изборот учествуваа 100 новинари од 100-те најдобро рангирани нации според ФИФА, а претходно редакциите на L’Equipe и France Football избраа 30 номинирани.

Прв носител беше Британецот Стенли Метјуз кој тогаш славеше пред Алфредо Ди Стефано и Рејмонд Копа. Рекордер е Аргентинецот Лионел Меси, кој го прими ова најпрестижно признание во фудбалскиот свет дури осум пати.

Награда пет пати ја освојуваше Португалецот Кристијано Роналдо, а по три Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен.

Што се однесува до клубовите, 12 пати победници доаѓаа од Реал Мадрид и Барселона, а осум пати од Јувентус и Милан.

Во женска конкуренција наградата се доделува од 2018 година. Фудбалерката на Барселона и на шпанската репрезентаија, 26-годишната Аитана Бонмати, втора година по ред ја добива „Златната топка“ во женска конкуренција.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *