Од денеска до 15 март возачите во возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од МВР.
Овие неколку дена е мошне тешко да се најде слободен вулканизер за замена на гумите. Возачите често треба да закажат термин, за кој не е сигурно дека ќе биде до законски предвидениот рок за замена на гумите. Велат дека е речиси невозможно веднаш да се заврши работа.
Временските услови имаат големо влијание во безбедното одвивање на патниот сообраќај, така што обврска на секој возач е да го приспособи своето возило на условите на патот и да ги почитува сообраќајните правила.