Бројот на години во кои се очекува човек роден во Европската унија да живее здраво, без никакви проблеми, се проценува на 62,8 години за жените и 62,4 години за мажите, а најповолни резултати се забележани во Малта, покажа денеска го објави истражувањето на Еуростат за 2022 година.
Жените во Малта можат да очекуваат да поминат 70,3 години без никакво ограничување на активноста поради здравјето, а мажите 70,1 година, што и во двата случаи е највисоката бројка забележана во Европската унија.
Ако се фокусираме на жените, граѓанките на Бугарија (68,9 години) и Словенија (68,5 години), исто така, може да очекуваат дека ќе проживеат квалитетен и здрав живот.
Спротивно на тоа, Данките можат да очекуваат само 54,6 години добро здравје, Летонките 55,4 години, а Холанѓанките 56,3 години.
Шведските мажи може да очекуваат да поминат 67,5 години во добро здравје, а Италијанците 67,1 година, додека најнеповолни резултати за мажите се забележани во Летонија (53 години), Словачка (56,6 години) и Данска (57,1 години).