Македонскиот зелник се најде на деветото место на листата на гастро водичот TasteAtlas, меѓу десетте најдобри пецива во светот. Зелникот е легендарна кулинарска класика во Македонија. Самиот поим доаѓа од поимот „зелје“, што всушност се однесува на самите зелјести растенија кои се ставаат во питата.

Атлас за вкус е онлајн платформа посветена на истражување на традиционални јадења и гастрономски специјалитети од различни земји и региони. Содржи информации за локални кујни, традиционални рецепти, ресторани и специјалитети, често со оценки и критики.

Корисниците можат да бараат различни видови храна, како и да откријат популарни јадења во различни делови на светот, помагајќи им да планираат патувања или да ги подобрат своите кулинарски вештини.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *