Песната за првпат во неговата кариера спојува две вистински легенди – Чолиќ како мајстор на интерпретација, чии изведби со децении ја обликуваат емоционалната мапа на овие простори, и Тончи Хуљиќ како автор на музиката, чии мелодии веќе со години создаваат препознатлив музички печат во регионот.

„Иако ги поврзува долгогодишно пријателство, соработката се случи дури сега – и тоа со песна која на прво слушање зрачи со свежина, но и со неизбежно чувство на носталгија. Текстот го потпишува Вјекослава Хуљиќ, која повторно успеа поетски да го долови она што е заштитен знак на Чолиќ – емоцијата помеѓу копнежот и ведрината, помеѓу сеќавањето и траењето. Аранжманот е дело на Хрвоје Домазет и Тончи Хуљиќ, кои ѝ дадоа на песната современ, медитерански пулс и филмска широчина, додека миксот го направи Томислав Мрдуљаш“, се наведува во соопштението.

Во време кога музиката често доаѓа и исчезнува, Чолиќ повторно нуди нешто што публиката најмногу го сака кај него – искреност, топлина и чувство на блискост. „Тамо“ е модерна балада, нежна и мелодична, но во себе го носи класичниот Чолин тон – силна емоција што освојува без пренагласена театралност.

„Новата песна е уште еден доказ дека вистинската музичка емоција не може да се научи ниту да се имитира. Таа, како и Чолиќ, едноставно – се живее. А Здравко Чолиќ и Тончи Хуљиќ, двајца уметници со различна чувствителност, но со ист музички јазик, покажаа дека уметноста не познава граници ниту време. ‘Тамо’ е песна што звучи како да постоела отсекогаш, но и како да носи звук што дури треба да стане класика“, се наведува од ПР тимот на Чолиќ.

Спотот за песната е снимен во Сплит, а со Чолиќевиот шарм, ја претвора секоја сцена во разгледница на емоции.

youtube.com/watch?v=cRomMq3LONQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2F6yka.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *