Во петокот беше отворен познатиот фестивал  во Германија Октоберфест или 189- то издание по ред. Градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер го поли првото буре пиво во фестивалскиот шатор.Годинава посетителите може да очекуваат да издвојат помеѓу 13,60 и 15,30 евра за едно литарско пиво. Околу шест милиони луѓе се очекува да го посетат Октоберфест кој ќе трае  до 6 октомври. Минатата година на фестивалот дојдоа 7,2 милиони гости, кој беше продолжен на 18 дена. Според податоците од градот Минхен, никогаш немало повеќе гости од почетокот на статистиката во 1980 година.

Овогодинешниот фестивал вклучува засилено обезбедување по смртоносниот напад со нож во Солинген, град на приближно 470 километри северозападно од Минхен. Во нападот на 23 август загинаа три лица, а уште осум беа ранети. Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, без да наведува докази. Како резултат на тоа, организаторите додадоа детектори за метал во безбедносната постава за прв пат во историјата на Октоберфест, но рекоа дека нема конкретни закани.

Првиот Октоберфест бил одржан на 17 октомври 1810 година за да се прослави бракот на престолонаследникот Лудвиг од Баварија со Тереза ​​од Саксонија. Местото, ливада на работ на Минхен во тоа време, било наречено „Терезиенвизе“ во чест на невестата. Името останало, а датумот на почеток е поместен од октомври во септември, кога температурите во Баварија обично се повисоки.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *