„Не лути се човече“  Шах,  „икс – точка“  се дел од новите детски реквизити кои ќе бидат поставени на шест локации во Штип. Прв ваков забавен парк каде најмладите ќе може да ги играат најпознатите детски игри на отворено  ќе добие паркот Пролет во Суитлакот  кој се очекува да биде завршен за две недели.

Станува збор за  содржини со кои  ќе се анимираат  најмладите затоа што летните месеци се вистинска причина да се создадат детски катчиња, преку кои тие ќе се дружат.  Освен оваа содржина се предвидува во неколку населби да се изградат детски катчиња во Сењак, Кадидаре,  Железничка, Балканска, Чардаклија  –  истаклна денеска на прес градоначалникот Јорданов.

Вкупната инвестиција од буџетот на општина Штип е пет милиони денари.

Од општината апелираат и дека во иднина ќе се решава  проблемот со уништивање на урбаната опрема поставена на сите јабни површини во  градот со санкцинирање. Но паралелно со ова мора да се работи на подигање на јавната свест бидејќи истата треба да се чува.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *