Ла Зара од Франција е фаворит. Веќе ги освојува симпатиите на милиони гледачи во светот и се смета за голем фаворит за победник на годинашниот „Евросонг“ штоќе се одржи во мај во Ливерпул, Англија. Евровизиските обожаватели се воодушевени од француската песна, а коментарите на социјалните мрежи се, генерално, позитивни. Многумина ја сметаат за најубава песна годинава и ја прогласија за апсолутен фаворит за победа на музичкиот фестивал. Ла Зара, чие вистинско име е Фатима Захра Хафди, е 25-годишна канадско-француска пејачка.