Компјутерските модели на предвидување покажуваат дека поврзаноста на луѓето со природата ќе продолжи да опаѓа ако не се воведат поинакви политики и промени во однесувањето, како што се изнесување на децата во природа и радикално збогатување со зеленило на урбаните средини. Поврзаноста со природата сега е прифатена како клучна причина за еколошката криза – вели научникот, додавајќи дека таа врска е од витално значење и за нашето ментално здравје. Според него, неопходна е трансформација доколку сакаме промени во односот на општеството кон природата.

Како што се наведува во заклучоците од истражувањето, поефикасни мерки се подигање на нивото на свест и престој на малите деца и семејствата во природа. Истражувањето покажало дека жителите на британскиот град Шефилд во просек поминуваат само четири минути и 36 секунди дневно во природна средина.

Ричардсон вели дека од клучно значење е работата со родителите и децата, за да се насочат кон престој во природата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *