Влажен и поладен воздушен бран од северозапад преку Алпскиот регион се движи кон територијата на Република Македонија и ќе донесе промена на времето од понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември).

Според метеоролошките прогнози, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе наврнат до 15 литри на метар квадратен.

Во вторник температурите ќе бидат значително пониски, со максимални вредности од 8 до 16 степени Целзиусови.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *