Според неодамнешното истражување на Американската психијатриска асоцијација, 70 отсто од возрасните страдаат од анксиозност предизвикана од глобални проблеми, а генерацијата З (зумерите) е сè позагрижена за климатските промени и нестабилната политичка ситуација во светот. Факт е дека на социјалните медиуми и во сите мејнстрим медиуми, дискусиите за климатските промени и војните повеќе се фокусираат на опасностите и катастрофалните резултати отколку на можните решенија.
Покрај тоа, ова преоптоварување со драматични информации го зголемува чувството на несигурност и може да предизвика наплив на негативни емоции и депресивни симптоми. Во согласност со ова е и фактот што експертите забележаа голем пораст на депресијата и анксиозноста во последните години, особено кај младите, а особено во периодот по пандемијата до денес.
Експертите тврдат дека најефективниот начин да ги контролирате симптомите на стрес предизвикани од премногу негативни вести е да се фокусирате на создавање нешто, односно на креативна работа и на постигнување на краткорочните цели што сте си ги поставиле наместо на општи цели во далечна иднина.