Секој втор ден штипјани се без вода за пиење.  На социјалните мрежи можат да се прочитаат коментари од загрижени и револотирани  граѓани кои во најтоплите денови и температури до 40 степени  останаа без вода за пиење и по 24 часа.

Поради ова бараат одговор од ЈП Исар……Зошто не се известени навреме дека ќе немаат вода за пиење?

На официјалниот профил на ЈП Исар на Фејзбук последното известување Дека Штип ќе биде без вода за пиење е пред 10- тина дена кога објавија дека неколку улици поради изградба на Кружен тек кај Суитлак, десниот дел од река Отиња ќе немаат вода. Но освен тие улици без вода истиот ден остана речиси цел град.

Но не само претходната, и неделава започна со истиот проблем, темератури до 35 степени, а штипјани ( неколку населби воградот)  повторно без никакво извстување останаа без вода за пиење.

Најверојатно ова ќе го има во текот на целиот летен период бидејќи како што кажа и претходно градоначалникот на Штип Иван Јорданов граѓаните треба да бидат трпеливи поради изградба на нова водоводна мрежа кај населба Сењак и Баби но и изградба на Линија 2.

Граѓаните и понатаму остануваат трпеливи и со прашањето до кога надлежните и менаџментот на ЈП Исар ќе продолжат со ваквото однесување и нема да ги известуваат граѓаните ДЕКА ЌЕ БИДАТ БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ НАРЕДНИТЕ 3, 4, 10 ИЛИ 24 ЧАСА…..

Новинар Никола Арсов

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *