Филм за британскиот пејач Роби Вилијамс се снима во Белград. Музичката ѕвезда се игра себеси во овој биографски филм, а актерот Јоно Дејвис, кој го толкува во неговите помлади денови, моментално престојува во Србија.
Во студиото во Крњача два дена се снимала сцената од концертот на познатиот пејач кој се одржа во 2003 година, а на сетот имало повеќе од 2.000 статисти.
Како што претходно објавија медиумите ширум светот, популарниот пејач имал големи проблеми да најде актер кој ќе ја игра неговата помлада инкарнација.
Медиумите веќе успеаја да добијат дел од сценариото. Во него ќе има „Секс, дрога и рокенрол“. Роби призна дека нема да дозволи неговите четири деца и сопругата Ајда Филд никогаш да го гледаат овој филм.
Филмот е планиран да излезе во 2023 година.