Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август, во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид. Во градот каде што секоја калдрма има приказна, а секој здив е исполнет со историја и убавина, Владо ќе настапи на сцена под отворено небо, пред публика која го следи и сака со генерации.

Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата, ќе оживеат балади кои се дел од колективната емоција – „Црно Тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и Негде“, „Тајна отровна“… песни со кои растевме, созревавме, радувавме и тагувавме.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *