Светилки, украси, колачи, варено вино, фритули… Се наближува најубавото време во годината. Многу европски градови нудат настани како од бајка совршени за фотографирање.
Инфлуенсерите секоја година патуваат на некоја од овие дестинации и го украсуваат својот профил на „Инстаграм“ во празнично руво.
Виена – Австрија е позната по многубројните саеми и концерти пред Божиќ. Таа е омилена туристичка дестинација поради многубројните културно-историски споменици, а голем број туристи се слеваат во Виена, која е најсвечена за време на Божиќ и во периодот кога се одржуваат традиционалните саеми.
Будимпешта – еден од најубавите градови во Европа – привлекува туристи од целиот свет со своите културни и историски знаменитости. Во зима унгарската метропола е исклучително посакувана дестинација благодарение на популарниот саем и многуте атракции.
Лондон – доколку сакате да почувствувате вистинска зимска и празнична атмосфера со духот на минатото, Лондон е совршено место за токму такви моменти. Туристите најмногу ги привлекуваат божиќните украси на улицата Оксфорд. Оваа улица е украсена со илјадници божиќни ѕвезди, што ѝ дава магичен изглед.
Париз – иако на Париз не му недостига шарм, Божиќ многу му прилега – украсен со новогодишни светилки и лампиони нуди уште поголемо доживување од вообичаено. Покрај украсените улици, кои сами по себе се доволна атракција, од студот секогаш можете да се засолните во некој од затворените простори на Париз, кои исто така се украсени во божиќен дух.
Берлин – празничниот настан во Берлин е посебно искуство бидејќи секој посетител може да ужива во над 50 празнични саеми. Иако во градот има голем број саеми, за туристите секогаш најпривлечни се оние во самиот центар на градот. Можете да изберете од многуте продавници по должината на познатата градска улица, островот музеј и многу други локации.