Дебитантскиот долгометражен филм на сценаристот и режисер Георги М. Унковски, „Диџеј Ахмет“. Снимањето на филмот траеше 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и македонски јазик. Екипата на AngelsFm го контактираше Унковски и позборувавме околу неговите идни планови, но и каде овој филм ќе има премиера низ Македонија.

AngelsFm: Одлично поминавте кај критичарите на филмското платно. Станува збор за длабоко лична приказна за пронаоѓање на сопствениот глас кој често го замолчува. Како вие сте задоволни? Добивте и две награди во Санденс,честитки!
Унковски: Да се учествува на Санденс е нешто неверојатно и големо искуство. Се вративме со две награди, а не очекувавме. За нас беше искуство кое никогаш нема да го заборавиме. Таму поминавме одлично и одлично бевме пречекани.
AngelsFm: Колку во Македонија е тешко да се снима филм? Напротив, вие во ниедна ситуација не се откажавте. Од кого добивте поддршка?
Унковски: Самиот процес во врска со снимањето на долгометражниот филм “Диџеј Ахмет” траеше пет години. Освен од Македонија беше подржан од Чешка, Србија, Хрватска и Европскиот фонд. Беше доста комплициран предмет за снимање, но мислам дека се се’ исплати на крај, вредеше целото мачење.
AngelsFm: Дали долгометражниот филм “Диџеј Ахмет” ќе има повеќе премиери во Македонија?
Унковски: Се надевам дека ќе има шанса да го погледне и македонската публика. Ќе имаме премиера во текот на наредните два месеца или при крајот на пролетта. Посебно премиера ќе има во Штип и Радовиш бидејќи е снимен во нивниот крај.
AngelsFm: Вашите планови за во иднина?
Унковски: Се надевам дека ќе снимаме повеќе филмови во иднина и ќе бидеме повеќе присутни на домашната сцена. И се надевам дека ќе се подобрат условите што повеќе македонски автори да бидат присутни на екраните

