Општина Штип продолжува со иницијатива за обезбедување бесплатни униформи за учениците, при што оваа година беа доделени вкупно 2111 униформи на учениците од прво до петто одделение во сите основни и подрачни училишта на територијата на општината. Овој проект, кој веќе се реализира по втор пат, има за цел да го осигура унифицираниот изглед на учениците и да ја намали видливоста на социјалните разлики помеѓу нив, создавајќи еднакви услови за сите деца во образовниот систем.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5 милиони денари, а општината најави дека оваа година ќе се направат детални анализи за можноста да се прошири проектот за ученици од шесто до деветто одделение.

Доделувањето на униформите започна денеска во училиштето ООУ  „Ванчо Прќе“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *