Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.
Процесите ќе бидат поинтензивни особено денеска кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15мл/м2) силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32°C.