Изминатиот викенд го одбележа стартот на Европското фудбалско првенство каде сабота и недела гледавме по три натправари и серија инциденти. УЕФА покрена дисциплинска постапка против Албанската фудбалска федерација (ФСХФ) поради инциденти, вклучително и инвазија на теренот и фрлање предмети за време на поразот на Албанија со 1-2 од Италија во Дортмунд во саботата.

Сето ова се случува на само три дена пред дуелот меѓу Албанија и Хрватска. Управното тело на европскиот фудбал во неделата соопшти дека отворило постапка и за албанските навивачи кои палеле огномет за време на натпревар од групата Б, како и „пренесувале провокативна порака несоодветна за спортски настан“. Инцидент се сличил и помеѓу спрските и англиските навивачи. Англиски „Мирор“ тврди дека на шестмина српски државјани им е одземена слободата поради инцидентот во Гелзенкирхен.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *