После 10 години ќе се отвори конкурс за ТВ-Серии најави директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски

Мицевски истакна дека периодов се снима филмот „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“) на режисерот Милчо Манчевски, а до крајот на годината ќе се снимаат уште два,  можеби и три долгометражни филма, „Тајната на голиот рид“ на Игор Алексов и „Мравките го спасуваат светот“ на Марјан Гавриловски.

Мицевски кажа и дека се работи на јасно дефинирање што е филм од национален интерес.

„Има многу дела кои мислам дека не треба да припаѓаат во таа категорија и треба да се јават за финансирање во МРТ или во други сродни институции“.

Мицевски e филмски и ТВ-монтажер и дизајнер на звук, кој на 20 јуни беше именуван од Владата за в. д. директор на Агенцијата за филм. Тој вчера зборуваше и за тоа дека е четврти директор за период од повеќе од една година.

 

извор sakamdakazam.mk

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *