Тоше има само дата на раѓање и како што поминуваат годините, неговите верни обожаватели не го забораваат. На 25 јануари во петок во Спомен куќа “Тодор Проески” ќе се одбележи 44-от роденден под наслов “Ангел си ти”.

Секоја година одбележувањето почнува со крводарителска акција што ја истакнува хуманата страна на Тоше кој освен со хуманитарни концерти помагаше и со својата дарувана крв. Покрај ова настан ќе се одбележи и со музички перформанси. Ќе настапат Нела Манческа, Дорис Димовска, Бенд “Lock Down” и Аделина Колева.

Ќе му се оддаде почит и на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981  остави неизбришлив траг во музиката и хуманитарната работа. До своите  26 години, тој успеа да допре до срцата на милиони луѓе, создавајќи музика која буди силни емоции и разубавува детски животи. Неговата хуманитарна активност и желбата да помогне во секојдневниот живот на оние во потреба го направија уште поголем идол и симбол на љубовта и добрината.

Неговото наследство не се мери само во музиката која ја остави, туку и во вредностите што ги пренесе преку своите дела. Тоше  ќе продолжи да живее како најубав симбол од едно прекрасно време.

 

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *