Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој топол бран кој ја зафати нашата Република Македонија и кој не е вообичаен за овој период од годината. Времето ќе биде постабилно, посончево и многу ветровито.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 20 степени, на многу места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат дури до околу 30 степени, особено во сабота (15 март).

