Бијонсе, Тејлор Свифт и Хари Стајлс се само некои од имињата кои се најдоа на оваа листа. Исто така, важно е да се истакнат некои нови артисти, кои заслужено се најдоа во најдобрите 10.

Покрај веќе популарните имиња на музичката сцена, свое место добија и помалку познати музичари како Зак Брајан и бендот Wet Leg.

10. Дрејк, „Honestly, Nevermind“

На десеттото место, според магазинот Page Six, се најде раперот Дрејк со албумот „Honestly, Nevermind“. Слушањето на Дрејк во 2022 година не звучи исто како во 2011 година. На „Honestly, Nevermind“

9. Wet Leg, „Wet Leg“

На деветтото место се најде бендот Wet Leg со истоимениот албум. Wet Leg може да биде аутсајдер на Греми следната година, каде што се номинирани против етаблирани изведувачи како Бјорк и Yeah Yeah Yeahs.

8. Тејлор Свифт, „Midnights“

Тејлор Свифт се најде на осмото место на оваа листа. Нејзиниот десетти албум „Midnights“ ги документира нејзините автобиографски стихови за 13 непроспиени ноќи, каде темите се фокусираат на омразата кон себе, растењето и љубовните приказни.

7. Лизо, „Special“

Пејачката и раперка Лизо се држи до музичката сцена по нејзиниот пробив во 2019 година со песната „Cuz I love you“.

6. Зек Брајан, „American Heartbreak“

Дебито на Зек Брајан се најде на шестото место. Има малку уметници кои можат да го објават своето деби на голема издавачка куќа и да го задржат вниманието на луѓето. Зек Брајан го направи токму тоа со албумот „American Heartbreak“.

5. Росалиа, „Motomami“

На петтото место е албумот „Motomami“ на пејачката Росалиа. Нејзината експериментална песна „Motomami“ е спој на различни музички жанрови од фламенко до хип-хоп до регетон и бачата

4. The 1975, „Being Funny in a Foreign Language“

Популарната група The 1975 со нивниот албум „Being Funny in a Foreign Language“ се најде на четвртото место.

3. Bad Bunny, „Un Verano Sin Ti“

Албумот на Bad Bunny „Un Verano Sin Ti“ се најде на третото место. Ова е негов четврти албум и го смета за најсреќен во неговата кариера. Со летните хитови како „Tití Me Preguntó“ и „Después de la Playa“, не е ни чудо што „Un Verano Sin Ti“ беше најсимнуваниот албум во 2022 година.

2. Хари Стајлс, „Harry’s house“

Очекувано, Хари Стајлс е високо на оваа листа на најдобри албуми за 2022 година. „Harry’s house“ го зазеде второто место, што не е чудно, бидејќи хитовите „As It Was“, „Late Night Talking“ и „Satellite“ беа едни од најслушаните хитови ова лето.

1. Бијонсе, „Renaissance“

Бијонсе беше на првото место со нејзиниот албум „Renaissance“. Со својот седми студиски албум, Бијонсе реши да остави музиката да зборува сама за себе. Албумот „Renaissance“ се смета за врв на нејзината кариера, а песната „Cuff it“ е една од најслушаните песни годинава.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *