Според The ​​Hollywood Reporter (THR), ѕвездата од Mission Impossible е заинтересирана за продолжение на спортскиот хит од 1990 година Days of Thunder, кој го режираше Тони Скот. Во филмот, Круз го толкуваше младиот возач на Формула 1, Кол Трикл, кој е регрутиран во тркачки тим кој се натпреварува на трките на НАСКАР. Иако му е потребно време за да се навикне на новиот болид, Кол наскоро го победува својот голем ривал Роуди Барнс. Главните улоги во филмот ги толкуваа Круз, Никол Кидман, Роберт Дувал и Ренди Квејд, а во споредните улоги се појавија возачите на НАСКАР, Расти Валас, Нил Бонет и Хари Гант.

Едно време, Paramount планираше да сними рестартирање на филмот, но во форма на телевизиска серија, но Круз го одби проектот во 2022 година бидејќи сакал да сними продолжение.

Инсајдер открил за THR дека студиото моментално бара сценарист за продолжението, а целиот проект зависи од тоа дали Круз ќе успее да вклопи уште еден филм во неговиот и онака напорен распоред. Имено, актерот наскоро ќе започне со снимање на нов филм на Алехандро Г.Ињариту, режисерот на Повратник, а работи и на нов филм на Даг Лиман и продолжение на Маверик, кој моментално е приоритет.

Круз ќе го гледаме следната година во најновиот дел од Mission Impossible, чија премиера ќе биде на 23 мај.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *